Направи сам: балзам за уста со какао путер


Температурата е сѐ пониска и се наближуваат студените денови, а студот и не е баш најголем пријател на усните. Доколку се сеќавате лани објавив еден интересен рецепт за домашен балзам за усни со мед кој одлично ги омекнува и заштитува усните од студот http://biodevojka.blogspot.mk/2015/02/blog-post_24.html.

Во денешнава статија сакам да ви покажам еден поинаков балзам за заштита на усните од ладното каде наместо мед ќе користиме како путер. Овој путер има фантастично омекнувачко дејство, навистина одлично ја негува и храни кожата на усните и одлично ги заштитува од надворешните услови. Згора на сѐ фантастично мириса.

За подготовката на овој балзам потребни ви се:


- 3 кафени лажички како путер;
- 3 кафени лажички пчелин восок;
- 3 кафени лажички рицинусово масло
- 6 капки етерично масло од порткал

Во еден стаклен сад (претходно стерилизиран) ставете ги какао путерот и пчелиниот восок и ставете ги да се стопат на пареа (ставете ги врз едно ѓезве со вода). Откако ќе преминат во течна состојба, додадете го рицинусовото масло и етеричното масло од портокал. Убаво помешајте и смесата и веднаш префрлете ја во едно празно стерилизирано кутивче за балзам.


Како што напоменав какао путерот има прекрасно хранливо дејство и  одлично ги заштитува усните од ладното.
Како масло може да користите она кое вам најмногу ви се допаѓа. Јас одбрав рицинусово поради тоа што е фантастично кога станува збор за производи кои се нанесуваат на усните како балзами и кармини, затоа  што дава голем сјај на производот, одлично ја омекнува кожата на усните и има огромно заштитно дејство.
Од етеричното масло го одбрав портокалот затоа што ми е омилено кога станува збор за еден ваков производ.

Овој рецепт претставува здрава алтернатива на комерцијалните балзами кои честопати се полни со штетни состојки како парафин, минерални масла и др.


Рецептов е навистина доста лесен за реализација, а правите комплетно природен произод и барем сте сигурни во она што го нанесувате на усните.
Доколку немате какао путер, направете ја верзијата со медот која ја предложив во претходната статија.

Разликата помеѓу двата балзами е прво во густината: оној со мед е помек додека овој со какао путер е поцврст, и секако во мирисот.

Ви благодарам за вниманието и доколку се обидете да направите било кој од овие два балзами, оставете коментар под текстот како ви излегло и колку сте задоволни со овој производ.

Поздрав и до скоро читање.
Вики

Comments

  1. Го направив и овој балзам за уста и сум многу задоволна. Благодарам за рецептот. Поздрав

    ReplyDelete
  2. Го направив и овој балзам за уста и сум многу задоволна. Благодарам за рецептот. Поздрав

    ReplyDelete
    Replies
    1. Благодарам драга Ана што го сподели своето искуство. Поздрав.

      Delete
  3. Super e ova, isto kako i sè sto e domasno napraveno i so pcelin vosok. Jas pravam vakva krema za lice (pcelin vosok, livcinja od neven i kokosov puter) koja dava fantasticni rezultati.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Драга Нермина, ти благодарам за твојот коментар. Многу ми е мило што и ти правиш по нешто сама дома. Сепак задоволството е големо кога ќе си направиме нешто сами и кога истото тоа ќе ни се погоди и одговара. Поздрав

      Delete

Post a Comment