Неодолив чоколаден крем путер

Здраво на сите,

изгледа дека оваа недела сум во знакот на чоколадото, правам само рецепти со какао, па еве решив така и да ја завршам неделата со еден фантастичен чоколаден крем путер за нега на кожата. Состојките кои ќе ги употребиме се спас за сува кожа, даваат мекост на кожата, интензивно ја хранат и ја задржуваат нејзината еластичност. Со еден збор овој путер е вистинска храна за нашата кожа. Навистина е многу лесно да се направи, а сѐ што ви е потребно за неговата изработка е:


- две полни супени лажици шеа путер;
- две полни супени лажици какао путер;
- една ипол полна лажица кокосово масло;
- две супени лажици масло по ваш избор
- една супена лажица какао
- ептен малку цимет (на врвче на една кафена лажичка)
- две супени лажици густин
- 10 капки етерично масло од портокал (ако немате не мора)
- две ампули витамин Е (ако немате не мора)

Во еден голем сад на пареа ставете ги путерите, маслата, какаото и циметот и растопете ги на пареа додека да добиете течна смеса.



Само да напоменам дека јас користев масло од авокадо во овој рецепт, меѓутоа вие може да ставите она што имате дома, маслиново, бадемово, невеново итн. Ставете го садот со смесата во фрижидер околу 30 мин. и откако ќе го извадите почнете да фрулате со помош на миксер или блендер. Откако ќе добиете убава кремаста смеса повторно вратете го во фрижидер уште 10 мин. Извадете, додадете две лажици густин и продолжете да фрулате сѐ додека не добиете убава кремаста структура како вистински крем. Немојте да го пробувате или јадете иако ќе ви доаѓа силна желба да го направите тоа :))))


Потоа додадете го етричното масло и витаминот Е, доколку ги користите, уште малку блендирајте и вашиот крем путер е готов.

Структурата може да биде помалку или повеќе густа во зависност од тоа дали го чувате на собна температура или во фрижидер, а мирисот е неодолив мириса на чоколадо и портокал.


Се нанесува на кожата по туширање или секојпат кога за тоа имате потреба. Во контакт со телесната топлина веднаш се топи.



Овој путер е идеален и како маска за коса пред шампонирање. Може да ја нанесете на благо навлажнета коса, да ја оставите најмалку саат време и убаво да измиете со шампон.

Се надевам дека и овој рецепт ви се допадна и дека ќе се обидете да го направите.
Поздрав и до скоро читање.
Вики
 

Comments

  1. Probano samo bez ampuli (ne mozat da se najdat vo apteka)! Navistina odlicen krem.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво драга Ирена, многу ми е мило и ти благодарам што го сподели твоето искуство овде. Голем поздрав до тебе.

      Delete
  2. Здраво Вики,одличен крем ќе пробам да го направам само да си се снабдам со некои состојки.Сакам да те прашам кој шеа путер го користиш и ако може да ми препорачаш кој е најдобар.Поздрав и благодарам однапред.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво драга Ана и најнапред благодарам за твојот коментар. Досега користев чист органски шеа путер кој го носев од Италија (оној кој го гледаш на сликата). Меѓутоа за среќа биокосмос почна да продава чист органски шеа путер па би ти го препорачала тој. Цената му е 315 денари, а го има во нивната продавница во т.ц. Буњаковец. Поздрав и обавезно пиши кога ќе го направиш путеров,

      Delete
  3. Благодарам за брзиот одговор,уште утре ќе одам до биокосмос,него сакав да те прашам и уште нешто за интересниве кутивчиња дали може да се најдат негде да се купат така празни или ти се од стари креми,јас имам некои помали пластични па може и тие да ги искористам,ама сакам и вакви да си набавам :) поздрав

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво драга, овие ги донесов од Италија. МНогу се практични и слатки вака за гледање. Има слични во Џамбо, малку се поголеми од овие ама сепак ќе ти завршат работа. Ги користев во статијата за маслата од лаванда и невен. Поздрав.

      Delete

Post a Comment