Домашен пилинг од зелен чај за проблематична кожа


Здраво драги мои,

во оваа статија за вас имам предлог за еден навистина многу лесен пилинг за лице, кој истовремено е многу ефикасен, особено ако имате комбинирана накај масна кожа со црнки.

Длабоко ја чисти кожата, а и состојките кои ќе ги употребиме во него имаат огромно позитивно дејство врз самата кожа.

Знам дека сте љубопитни да дознаете за што станува збор, така да веднаш ќе преминеме на подготовката.

За овој пилинг потрбни ви се:

- една супена лажица шеќер
- една ипол супена лажица кокосово брашно
- една супена лажица зелен чај
- малку кокосово масло (или друго по ваш избор)
- етерично масло од чајно дрво (или друго по ваш избор)

Најнапред во еден блендер ставете ги сите состојки и убаво изблендирајте. Откако сѐ убаво ќе се спои додадете малку масло (една ипол кафена лажичка) за да смесата убаво се спои.
Јас користев кокосово масло, меѓутоа вие може да користите некое друго (она што имате дома).


Откако сѐ убаво ќе се спои префрлете ја смесата во едно чисто празно кутивче и ете вашиот пилинг е готов.

Зошто токму овие состојки.

Шеќерот во комбинација со кокосот даваат скраб ефект на самиот производ. Намерно ги помешав двата заедно за да го направам пилингот понежен со оглед на тоа што шеќерот е малку поагресивен додека кокосовото брашно е поделикатно за кожата.

Зелениот чај е моќен антиоксиданс со оглед на тоа што полифенолот во него успева да го намали лошото влијание на слободните радикали врз кожата, а со самото тоа и да го спречи предвременото стареење.

Исто така, зелениот чај помага во чистењето на црнките на лицето. Секако резултатите нема да ги видите по една апликација, меѓутоа доколку сте постојани ќе видите подобрување.
Многу помага доколку истовремено го конзумирате и внатрешно.


Маслото од кокос јас го користам затоа што мене одлично ми одговара и ми помага во чистење на лицето. Секако доколку имате масна кожа може да користите и масло од јојоба или арган на пример, додека ако ви е нормална може и бадемово или било кое друго коe го имате дома.

Етеричното масло од чајно дрво е антибактериско, антивоспалително и одлично во случај на нечиста кожа. Повеќе информации за ова масло ќе најдете во статијата Етерично масло од чајно дрво за здравје и убавина .

Се надевам дека и овој краток рецепт ви се допадна и дека ќе ви биде од корист.

Вие доколку го пробате, оставете коментар под самиот текст колку и како ви се допадна.

Поздрав
Вики

Comments

  1. Здраво, колку пари е маслото од чајно дрво? И дали за масна кожа со акни можам да направам пилинг со сода бикарбона? Благодарам

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво, маслото од чајно дрво, барем она кое јас го користам на ЕСИ беше некаде околу 190 денари ако не се лажам. Ќе го најдеш во сите аптеки. Е сега за пилингот сдо сода треба да бидеш внимателна затоа што не знам како твојата кожа ќе реагира на содата. Јас лично за себе имам правено со сода (имам комбинирана кожа) и не ми правеше никаков ефект. Јас не знам колку акни имаш и каква е состојбата, ама доколку пробаш би ти препорачала да бидеш внимателна да не триеш многу. Поздрав.

      Delete

Post a Comment