5 третмани кои го помагаат растот на косата


Сите ние сакаме убава, долга, густа и пред сѐ здрава коса која е полна со сјај и убавина. Убавината и здравјето на косата зависат од многу фактори како исхрана, правилна нега и користење на убави производи.

Во денешнава статија со вас сакам да споделам неколку природни третмани кои го помагаат растот на косата. Ова секако не значи дека косата ќе порасне веднаш до половина, туку дека со редовна употреба го стимулираат правилниот и здравиот раст на косата.

1. Растително масло од рузмарин


Ова е еден навистина многу добар метод кога станува збор за растот на косата со оглед на тоа што рузмаринот ја стимулира циркулацијата. Се подготвува на тој начин што во една тегла се ставаат суви гранчиња рузмарин и се додава масло колку да се покрие комплетно.

Се остава на суво место месец дена (на пример во креденец во кујната далеку од сончева светлина) и на секои 3 до 4 дена се протресува тегличката. По истекот на времето, се прецедува и со добиеното масло се прави масажа на темето пред секое миење на косата.

За детални информации околу тоа како се подготвуваат растителни масла прочитајте овде.

Важно: растителното масло од рузмари и етеричното масло од рузмарин не се исти. За повеќе информации околу етеричните масла прочитајте ги следниве статии:

Ароматерапија

Најчесто поставувани прашања за етерични масла

2. Кокосово млеко


Кокосовото млеко е одлично кога станува збор за здрав и побрз раст на косата. Може да го купите веќе готово (најчесто се продава во конзерва) или самите да го направите според овој рецепт.


Се зема мала количина од млекото и со него се масира темето на главата со благи кружни движења, Се остава да делува околу 30 мин. и се мие со благ шампон.


3. Третман со кромид


Кромидот е исто така одлична состојка кога станува збор за подобар и поздрав раст на косата.
Може да го користите на два начина и тоа:

- Земете еден мал кромид и две лажички мед и со помош на еден блендер направете го како каша. Со добиената смеса направете масажа на темето пред шампонирањето и оставете да стои околу 20 мин. Потоа измијте ја косата со убав и благ шампон.

- Вториот начин е да го користите во комбинација со оцет.


Најнапред направете оцет од кромид (погледнете ја оваа статија околу процедурата и подготовката) и помешајте една третина од овој оцет со две тртини вода.

Направете блага масажа на темето, оставете да делува околу 10 мин, и измијте со благ и убав шампон.

4. Алое вера гел

Алое вера гелот е уште една прекрасна состојка која го помага здравиот раст на косата.
Земете малку алое вера гел и со него благо масирајте го темето на главата. Оставете да делува околу 30 мин. и потоа измијте убаво со благ шампон.

5. Третман со коприва


Копривата исто така е одлична кога станува збор за подобар и поздрав раст на косата. Земете една шака суви или свежи листови од коприва и потопете ги во многу врела вода. Откако ќе се излади на веќе измиена мокра коса (претходно измијте ја со шампон) со листовите правете блага масажа врз темето околу 3 мин. Откако ќе завршите со масажата, врз косата нанесете го и чајот од корприва како последна вода за исплакнување.

Овој третман малку ја потемнува косата, така да не го препорачувам кај русокоси (барем кај мене имаше затемнувачки ефект врз бојата на косата).

Се надевам дека овие интересни третмани ви се допаднаа.

Дали досега имате пробано нешто од ова?
Вашите коментари се секогаш добредојдени под текстот.

Вики


Comments

  1. Zdravo Viki da pisam moe iskustvo so koprivata Koga ja ima sveza ja izmijam i i od smelam na masina za meso Precedam sokot go koristam za masaza na korenot pa i celata kosa Ako mi ostane zamrznam za drug pat Drzam na kosata kolku imam slobodno vreme 1 do 2 casa so kesa na glava i i kr da bide toplo Potoa izmijam so sampon kosa mi nikna i ke nemav Dali nesto moze da dodadam Viki posto sega mi paga So caj se polivam Fala

    ReplyDelete
    Replies
    1. Здраво драга, може да направиш едно интересно масло кое ќе го користиш за масажа на темето на главата пред секое миење на косата. Во 50 мл базно масло (маслиново, сончогледово, јојоба, масло од семки од тиква, чичково масло) стави етерично масло од рузмарин (околу 10 капки). Со оваа смеса масирај го темето на главата и остави да делува најмалку 30 мин. Потоа измиј ја косата со шампон и нанеси чај од коприва и повеќе не исплакнувај. Пробај го овој третман. Поздрав.

      Delete

Post a Comment